Следната година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирус врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирус врз деца во јануари-февруари следната година.

Ова го најави директорот на центарот, Александар Гинцбург, пренесува „Спутник“.

„Почнавме да подготвуваме пакет мерки, бидејќи институтот никогаш не спровел тестови на деца. Педијатрите ги знаат тие специфики, па заедно со нив подготвуваме документација што ќе ја доставиме до Министерството за здравство за да можеме да спроведеме тестови на деца, но дури откако ќе ги завршиме сите тестирања врз возрасните, рече Гинцбург.

Според него, тестирањето на деца ќе започне во зима, затоа што третата фаза од тестирање на вакцината против коронавирус кај возрасните ќе трае околу пет месеци. Околу 2.000 пациенти ќе учествуваат во таа фаза на испитување.

„Се надевам дека вакцината ќе биде погодна за деца, но според рускиот закон, вакцината може да се тестира на деца само кога ќе помине целиот циклус на тестирање кај возрасните. Затоа, откако ќе ја завршиме третата фаза на тестирање, ќе ни биде дозволено тестирање на лица под 18 години”, објасни Гинцбург.

Директорот на Институтот за транслациска медицина и биотехнологија од Универзитетот „Сеченов“, Вадим Тарасов, рече дека е рано да се зборува за употреба на вакцината кај деца, потенцирајќи дека тие не спаѓаат во ризичната група и полесно се толерираат.

Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, претходно објави дека се завршени клиничките испитувања на вакцината против коронавирус во Русија и дека ова е вакцина што ја развива Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“.

Треба да знаете
Последни објави