Во супер жешките летни денови речиси секој е во потрага по нешто супер лесно и супер вкусно за било кој оброк во текот на денот. Последната линија на лебови од Жито Лукс, наречена супер лебови, е идеална за подготовка на лесни и вкусни јадења, кои истовремено ќе бидат и хранливи поради нутритивните вредности на овие лебови.
Линијата супер лебови има 3 производи, интегрален леб со супер семки – чија и тиква, интегрален леб со супер житарки – овес и спелта и интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант. Овие лебови ја заслужуваат титулата „супер“ поради одличната хранлива вредност, состав и вкус. Супер лебовите не содржат бои, конзерванси, додадени шеќери и палмина маст, а изобилуваат со состојки кои важат за „супер храна“. Направени се исклучиво од цели зрна жито и од природни и здрави состојки кои се минимално обработени.Идеи за супер брзи и лесни оброци со супер леб од „Жито Лукс“:
Автентични италијански брускети
Потребни состојки:
- Жито Лукс интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант
- 2 зрели домати
- неколку листови свеж босилек
- 3 лажици ладно цедено маслиново масло
- половина лажичка суво оригано
- 1 лажица балсамиран оцет
- едно чешне лук
- сол
Исечкајте ги доматите на мали коцки, ситно исечкајте го босилекот и во сад соединете ги со суво оригано, сол, оцет и со една ипол лажица маслиново масло. Парчињата леб потпечете ги и истријте ги со исечено чешнето лук. Потоа премачкајте ги со маслиново масло и распоредете богат рамномерен слој од смесата со домати врз сѐ уште топлите лепчиња. Buon appetito!
Протеински појадок со путер од кикирики
Потребни состојки:
- Жито Лукс интегрален леб со супер семки – чија и тиква
- путер од кикирики
- банана
- јаболко
- мелени ореви
- цимет
Намачкајте ги парчињата леб со подебел слој путер од кикирики. Исечкајте го овошјето на тенки парчиња и наредете го врз лепчињата. Врз парчињата со банана ставете од мелените ореви, а врз јаболките наросете цимет. Супер појадок за супер почеток на денот!
Брза ужина со варено јајце
Потребни состојки:
- Жито Лукс интегрален леб со супер житарки – овес и спелта
- 2 варени јајца
- крем сирење
- рукола
- црно семе
Намачкајте го лебот со крем сирење и ставете врз него неколку листови рукола. Исечкајте го јајцето на тенки полукругови и наредете ги врз руколата. Наросете со црно семе и уживајте во уникатниот вкус!