Напаѓачот Пауло Дибала од редовите на старо-новиот италјански фудбалски првак Јувентус е прогласен за МВП во Серија А за сезона 2019/2020 од раководтвото на Лигата. Неговиот соиграч Војчек Шчесни го понесе признанието меѓу голманите, а шведскиот интернационалец со македонско потекло Дејан Кулушевски (20 г.) е избран за најдобар млад играч.
Швеѓанецот стана играч на Јувентус на крајот од минатат година, а сезонава продолжи да настапува како позајман во редовите на Парма за која постигна 10 гола.Чиро Имобиле од Лацио е најдобриот напаѓач.Стефан Де Вриј од Интер е дефанзивец на сезоната и Алехандро Гомез од Аталанта е најдобар фудбалер за врска.