Нуркачки тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР денеска околу 14.00 часот во водите на Преспанското Езеро го пронајде безживотното тело на 16-годишното момче од Ресен.
Момчето беше пријавено за исчезнато на 2 август. Тоа исчезнало во водите на Езерото кај туристичката населба „Претор”.
По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.