Јапонската стартап „Донат Роботикс” измисли паметна маска за време на пандемијата на коронавирус, која помага во комуникација и при физичко дистанцирање.
Паметната маска Ц-Фејс може во комбинација со апликација да препише диктат, да го зголеми волуменот на гласот на корисникот и да преведе говор на осум различни јазици.
Маската има отвори на предната страна, па затоа не штити од Ковид-19, и треба да се носи преку стандардна заштитна маска. Таа е направена од пластика и силикон и има вграден микрофон, кој преку блутут може да се поврзе со смартфон.
Ц-Фејс нуди можност за превод на осум јазици: кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански, француски, и обратно.