(Видео) Над 2.000 тони амониум нитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика страотна експлозија во која загинаа над 70 лица, а 4000 се повредени.

https://twitter.com/SVNewsAlerts/status/1290708413744394247?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1290708413744394247%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.jutarnji.hr%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fsve-o-apokalipsi-u-bejrutu-zgrade-razorene-bolnice-pretrpane-ranjena-i-premijerova-obitelj-15011999

Амониум нитратот бил во магацините од 2014-та година и никој не го проверувал цели шест години. Истрагата е во тек за тоа што точно се случило. Претседателот Мишел Аун, на Твитер напиша дека „не може да прифати што 2.750 тони амониум нитрат бил складиран небезбедно цели шест години“ и бил темпирана бомба.

Амониум нитрат се употребува за правење на експлозиви и полнење на гранати, се употребува за огномети и за исфрлање на огнометите. Не се продава на пазарот бидејки со него се прават експлозиви. Експлозијата била толку силна што ја слушнале и жителите на Кипар, кој е 240 километри одалечен од Бејрут.

Треба да знаете
Последни објави