Во огромната експлозија во Бејрут загинаа повеќе од 100 луѓе, а повредени се 4.000.
На интернет се појавија бројни снимки кои ја прикажуваат силата на ударот, а на една од нив е прикажана црква чии делови почнале да се уриваат за време на светата миса.
WATCH: Shockwave hits during mass in Beirut pic.twitter.com/ciRSkru8zM
— BNO News (@BNONews) August 4, 2020
Снимката, која се шири во арапските медиуми, всушност е исечок од преносот во живо на светата миса предводена од либански свештеник. Во еден момент, се гледа како се гасат и палат светилките во црквата, а потоа силен удар ја затресол зградата од која почнале да паѓаат големи парчиња витраж над олтарот.
На снимката, се чини дека едно од големите парчиња стакло го погодило свештеникот, кој по ударот почнал да трча кон излезот. Не е познато дали свештеникот е повреден.