Корумпираниот и неспособен Заев ја турка Македонија во банкрот и сиромаштија

Владата на Зоран Заев го зголеми јавниот долг, кој се зголеми над 1 милијарда евра за само три месеци. Од 5,5 милијарди евра на крајот на првиот квартал се качи на неверојатни 6,5 милијарди евра заклучно со вториот квартал во 2020 година. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување од 38 милиони евра.

Имено реализацијата на капиталните инвестиции во првата половина на годината изнесува само 22,51%, односно нема реализирано ниту четвртина од планираното. Дополнително загрижувачки е фактот што индустриското производство достигнува двоцифрен пад од 15% во месец мај, односно 30% во месец јуни.

Несериозниот однос на Владата резултира со над 30.000 граѓани кои што не ги зедоа априлските плати, а голем дел на граѓани останаа без работните места. Голиот популизам, манипулациите и “блескањето” резултираа и со поскапување на струјата од 7,5%, што ќе ги зголеми месечните трошоци на граѓаните кои и онака живеат во сиромаштија.

Поради дефицитот на средства кој се предвидува за оваа есен, односно за периодот кога државата ќе нема средства да ги сервисира основните обврски, СДСМ и Зоран Заев смислија “брилијантен” план за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена. Поради ваквите лоши политики, секое семејство во Република Македонија е задолжено за 2000 евра, а ситуацијата ќе оди само на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со економската криза.

Потребни се стабилни, цврсти и промислени потези кои ќе ја стабилизираат состојбата и ќе ја издигнат македонската економија, а не политичари кои единствен спас за сопствените грешки наоѓаат во кражба на сопствениот народ.

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави