Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан.
Леталото се упати кон Бејрут за да пружи помош на повредените во силната експлозија, што се случи вчера во градското пристаниште, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Постои оперативна единица, лекари, како и потребна опрема за поставување воздушна мобилна болница во авионот, соопшти руското министерство.
Се очекува дека следните четири авиони ќе полетаат во наредните 24 часа.