Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, е пуштен од притворското одделение каде помина дваесет дена бидејќи не се појавуваше на судењата во Велес. Панчевски вчера беше прогласен за виновен дека го заобиколувал и злоупотребувал АКМИС системот и делел предмети на рака за одредени судии поради што во прв степен доби затворска казна од три години и шест месеци. До правосилноста на пресудата Панчевски ќе се брани од слобода.
Обвинетиот Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа. Воедно тој во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе.