Јужна Кореја работи на сателит со исклучително мала големина за подобро да ги следи воените активности на Северна Кореја.
Малите сателити со технологија на синтетички радари би требало да овозможат Сеул да ги следи активностите на Пјонгјанг во речиси реално време, соопшти јужнокорејската Агенција за развој на одбраната.
Со истовремена употреба на 32 единици од таквите сателити јужнокорејската армија ќе може да следи што се случува во Северна Кореја секои 30 минити 24 часа.
Истражувањето е покренато во декември минатата година и сега е во прелиминарна фаза, а се очекува да биде завршено во 2023 година.
Другите клучни истражувачки иницијативи опфаќаат подморници без екипаж, технологија на невидливи беспилотни летала, како и терапија за Ковид-19.
Според јужнокорејската армија, подморниците без екипаж ќе можат да собираат информации во близина на морската граница помеѓу двете Кореи, без да ги изложиуваат на ризик морнарите.