Вицепремиерката Царовска на координативен состанок за проектна апликација за Зелениот климатски фонд

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, во својство на Национален координатор за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), денес, во Клубот на пратеници, организираше координативен состанок на високо ниво, со цел развој на третата проектна апликација за „Програма на подготвителност“ на Зелениот климатски фонд. На состанокот, на кој учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска, како и претставници на сите засегнати институции, вклучително и директорот на германското друштво за меѓународна соработка, (GIZ) г. Давид Оберхубер, беа утрдени заедничките потреби на институциите во насока на обезбедување на отпорност и прилагодување на човечкиот капитал кон климатските промени.

Преку дискусија помеѓу присутните, на состанокот се разгледаа досега спроведените активности во соработка со државните институции за подготовка на сеопфатна апликација за Програмата за подготвеност на Зелениот климатски фонд со фокус на секторите здравство и образование, како и справување со сиромаштијата и посилна поддршка на ранливите категории на граѓани. Воедно, за секој од секторите кои се директно насочени кон развој на човечкиот капитал беа детектирани и специфични потреби со цел градење и зајакнување на капацитети на национално и локално ниво кои ќе овозможат адаптирање и митигација на климатски промени.

Треба да знаете
Последни објави