СДСМ не знае како да ја покрие дупката во буџетот дадена за предизборен поткуп. Затоа удрија по народот. Дури почнаа и различни лаги да кажуваат, еднаш велеа дека нема да се гледа филмот за покачување на цената на струјата, а денес го гледаме токму тој филм. Имаат ли барем срам во СДСМ?
Мора да очајна состојбата со буџетот штом власта на Заев СДСМ ја покачува цената на струјата за 7,5%. Оваа одлука на власта на Заев и СДСМ доаѓа веднаш после изборите, што покажува дека тие ги лажеа граѓаните дека состојбите во економијата блескале. Не само што не блескале, туку тие сега сакаат својата неспособност и неодговорно работење да го наплатат од џебот на народот.
Во услови на епидемија кога ниту една европска земја не ги покачува цените на струјата и другите енергенси, власта на Заев реши да удри по народот и да ја покачи цената на струјата која сега споредена според висината на просечната месечна плата станува една од најскапите во Европа.
Високата маржа на универзалниот снабдувач која е воведена во време на Заев и СДСМ, непотистичките и партиските вработувања со кои ги полнеше државните енергетски компании, но и предизборниот поткуп кој се правеше со исплатата на бонуси, К15 и слични исплати на вработените во овие компании доведоа до ситуација граѓаните да треба да плаќаат повисоки сметки за да се покрие нивното недомаќинско работење.
Залуден е обидот на СДСМ со манипулативни соопштенија да бара виновник во други за своите постапки. Граѓаните гледаат и памтат и самите по својот џеб може да проценат како биле излажани од Заев и СДСМ. Тоа што им го даваа на лажичка било да се работи за изборен поткуп или гол популизам, сега после изборите им го земаат со лопата.