Во Книн почна прославата на годишнината од хрватската воено-полициска акција „Бура“, при која од Хрватска биле протерани меѓу 220.000 и 250.000 Срби, а нешто помалку од 2.000 се убиени или исчезнати.
Одбележувањето на оваа годишнина во Хрватска е планирано со придржување на мерките заради епидемиолошката ситуација заради пандемијата на коронавирусот, па така ќе биде со значително помалку луѓе и со целиот државен врв со сите потпретседатели и министри во хрватската влада.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ напишал дека „овој ден е круната на нашата историја“.
„Ви го честитам Денот на победата и Денот на хрватските бранители! 25 години од „Бура“ се сеќаваме на најголемата победа која ја донесе слободата на Хрватска, напиша премиерот Пленковиќ на Твитер.
Самото одбележување во Книн оваа година падна во сенка на полемика, во Хрватска и Србија, заради одлуката во Книн да оди потпретседателот на хрватската влада од Самостојната демократска српска партија Борис Милошевиќ.