Во налет на тропска бура Исаја што вчера го погоди источниот брег на САД, загинаа најмалку четири лица.
Во Северна Каролина загинаа две лица кога торнадото погоди една населба и уште две лица загинаа во Мериленд и Њујорк при пад на дрвја врз нивните возила.
Националната метеоролошка служба потврди дека торнадо ги погоди американските сојузни држави Вирџинија, Делавер, Мериленд и Њу Џерси.
Пред полноќ, Исијас, како ураган ја погоди Северна Каролина, каде камп во градот Виндзор беше срамнет со земја, а предизвика и поплави и пожари во државата, поради што десетици луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Невремето се заканува со поплави, додека 1,4 милиони луѓе од Северна Каролина до Њујорк останаа без електрична енергија.
Тропската бура Исијас е проследена со ветер од 105 километри на час.