Елен Деџенерис со рекордно низок рејтинг

Дневното ток-шоу на Елен Деџенерис има најнизок рејтинг на гледаност од своето постоење среде скандал кој открива недоличен однос кон вработените, расизам и сексуално вознемирување.

Шоуто на Елен стана предмет на официјална истрага по бројните тврдења на персоналот за навреди на работното место од страна на извршните продуценти.

Скандалот ја потона популарноста на емисијата на најниско ниво, објави The Wrap во вторникот, додавајќи дека гледаноста на дневното ток-шоу била намалена за 29 проценти во однос на истиот период минатата година, и девет проценти пониска од претходната недела.

Треба да знаете
Последни објави