Пропадна тендерот на општина Чаир за фирма која ќе ги урива дивоградбите во општината. Ниту една фирма не се пријавила на отворениот повик. Од утре општината ќе распише нов повик за да се пријават фирми кои ќе треба да вршат уривање на диво изградени објекти меѓу кои е и дивоградбата пред ТЦ Мавровка која никна на местото од опожареното кафуле кое беше од монтажна конструкција.
На истото место почна да се гради објект од тврда градба и со поголем габарит, кој под притисок на јавноста запре со градежните активности, но инвеститерот остана непознат.