Патниците кои пристигнуваат или заминуваат од солунскиот аеродром, но и сите заинтересирани граѓани, од 21 август ќе имаат можност по цена од 70 евра, да се тестираат за Ковид-19 на аеродромот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Компанијата „Фрапорт” што управува со дел од грчките аеродроми, меѓу кои и солунскиот, соопшти дека во соработка со приватна клиника, во просторот на аеродромот ќе има специјален тим, кој ќе зема примероци и ќе им се дава можност на патниците и граѓаните да направат тестот за Ковид-19, а резултатите да ги добијат околу шест часа подоцна.