Kортни Кокс повторно ќе глуми во римејкот на „Врисок“

Старото злато вреди, како што вели изреката, а хорор класикот „Врисок“ (Scream), кој помогна во оживувањето на хорор жанрот  и понатаму добро старее.

Оставината на „Гоустфејс“ сè уште е моќна. Затоа, не е ни чудо што „Спајглас медија груп“ сака  да му даде нов живот на серијалот со планови за римејк во најскоро можно време.

И додека филмот е подготвен да добие нов слој боја, се чини дека продуцентите ја фаворизираат оригиналната  актерската екипа која останува речиси иста. Два месеци откако објави дека ветеранот од серијалот Дејвид Аркет ќе глуми во римејкот, „Парамаунт пикчрс“ потврди дека Кортни Кокс ќе ја повтори нејзината улога како новинарка.

„Врисок 5“, ќе биде во режија на Мет Бетинели Олпин и Тајлер Џилет. Не се знае многу за деталите на сторијата, но филмот, наводно, ќе следи жена која се враќа во родниот град во обид да открие кој стои зад серија свирепи убиства.

Треба да знаете
Последни објави