На социјалните мрежи се шири видео од Бејрут, на кое се гледа како татко се обидува да го заштити и смири синот по огромната експлозија во која загинаа повеќе од 100 луѓе.
На снимките се гледа како таткото го гушка својот син, а потоа го зема во рацете и се обидува да го стави под маса.
„Ова ме доведе до солзи, толку тажно и толку нереално“, напишаа твитерџиите откако беше објавено видеото.
Во огромна експлозија во Бејрут загинаа од 100 луѓе и повредени се повеќе од 4.000, јави АФП, повикувајќи се на либанскиот Црвен крст. Официјалните лица очекуваат бројот на загинатите да продолжи да расте.
Експлозијата во складиштата во пристаништето каде што се чуваше високо експлозивниот материјал беше најсилната експлозија што се појави во Бејрут последниве години, град кој веќе е сериозно погоденат од економската криза и од растот на пандемијата на коронавирус.