Тренерот на Лос Анџелес лејкерс, Френк Вогел изјави дека Раџон Рондо утре ќе пристигне на Флорида. Тој ќе помине извесно време надвор од комплексот, пред да влезе во кампусот и да се стави во карантин, објави „ESPN”.
Рондо заработи скршеница на десниот палец пред три недели за време на тренинзите и беше подложен на операција. Прелиминарниот период на закрепнување е 4-6 недели.
Во Лејкерс очекуваат кошаркарот да го имаат на располагање за плејофот во препознатливата за него форма.