Најмалку 18 лица се повредени за време на воена вежба кога се урнал понтонски мост во еврејскиот автономен регион во Русија, соопштија локалните власти.
„Во населбата Талман, во округот Смидовически, делови од мостот се урнаа за време на вежбите на железничките единици, а повредени се 18 лица”, изјави претставник на службата за итни случаи за агенцијата ТАСС.
Тој прецизираше дека сите повредени се пренесени во воената болница Хабаровск.
Причината за падот на мостот се истражува.