Швајцарските здравствени власти одлучија патниците кои доаѓаат од Шпанија, со исклучок на Балеарските и Канарските Остроци, да мора да бидат во карантин 10 дена, со цел да се сузбие ширењето на новиот коронавирус.
Шефот на кризниот менаџмент на сојузната Канцеларија за јавно здравје, Патрик Матис изјави дека мерката стапува во сила од сабота.
Во Швајцарија од почетокот на епидемијата со Ковид-19 инфицирани се 35.746 и 1.918 смртни случаи.