Заложничката драма почна попладнево околу 17 часот во центарот на градот Ле Авр-Нормандија, кога вооружен маж упаднал во просториите на банката БРЕД, булевар де Стразбур.
Седум клиенти во тоа време биле во банката. Три лица сè уште се држат внатре, соопшти полицијата. Три лица, меѓу кои и една жена, беа ослободени од страна на напаѓачот, додека еден 53-годишен маж успеа да избега.
Напаѓачот има неколку побарувања, според информациите на Радио Франс би можеле да бидат од верска природа. Мобилизирани се големи полициски сили, а специјалните сили за интервенција пристигнаа исто така пред банката. Во моментов нема жртви.
#ÚLTIMAHORA | Reportan robo y toma de rehenes en el banco Bred-Banque Populaire de la localidad de Le Havre, en #Francia🇲🇫. Un hombre armado a perpetrado el hecho, la policía se encuentra en el lugar. #N4V pic.twitter.com/d4KNU8Sip1
— Noticias 4Visión (@noticias4vision) August 6, 2020
Plusieurs véhicules arrivent en renfort et s'arrêtent devant la sous-préfecture #prisedotagelehavre pic.twitter.com/vmpQV2iwFz
— France Bleu Normandie (Seine-Maritime, Eure) (@fbleuhnormandie) August 6, 2020