Рома продадена на американци за 591 милион евра

Утрово и официјално е потврдено дека римската „волчица“ е продадена од досегашниот газда Џејмс Палота на групацијата Фридкин од САД за 591 милион евра.

Рома беше сопственост на Палота, Италијанец од САД, кој не беше баш омилен кај навивачите послебно во изминативе две години, во кои ги „избрка“ клупските икони, Франческо Тоти од директорската позиција, како и Даниеле Де Роси од тимот, па сето тоа го навлече бесот и гневот кај навивачите.

Групацијата Фридкин, која во САД е главен увозник на автомобилите Тојота, ја купи Рома сосе сиот клупски имот и капитал за 591 милион евра и како што е најавено до крајот на месецов и комплетно треба да се заврши процесот на примопредавање на клубот.

Треба да знаете
Последни објави