Сари: Да сакаа да ме отпуштат, ќе се знаеше до сега

Тренерот на старо-новиот италјански фудбалски првак Јувентус, Маурицио Сари, не ја прифаќа најавата за претстојниот реванш против Лион како решавачки меч за неговата иднина во клубот.

В петок вечер италијанскиот шампион се среќава со францускиот тим во реванш пресметка од осминафиналето во Лигата на шампионите. „Старата дама“ има негатива 0:1.

Медиумите во Италија не престануваат да шпекулираат дека Сари би можел да биде ослободен од обврските доколку Јувентус не се пласира во четвртфиналето.

– Јуве е сериозен клуб и неговите лидери не се аматери. Ако сакаа да го сменат менторот, тие веќе ќе ја донесеа одлуката. Би било навредливо за газдите да мислат дека такво нешто се решава на база на претстојната средба, рече тренерот на Јуве.

Треба да знаете
Последни објави