УЕФА ја разгледа опцијата за одигрување квалификациски мечеви од ЛШ и ЛЕ на неутрални терени

Претставници на Европската фудбалска унија (УЕФА) и генералните секретари на 55 национални федерации се состанаа преку видео-конференција и разговараа за теми поврзани со продолжување на натпреварувањата од евро-куповите. Претстојните квалификациски рунди од Лигата на шампиони и Лига на Европа за сезоната 2020/21 година ќе се играта под посебни протоколи.

Беше истакнато дека некои натпревари треба да се играат во неутрални земји / стадиони и беа презентирани детални сценарија во врска со оваа можност, се со цел да се почитуваат патните ограничувања и барањата за карантин на надлежните органи во земјите. УЕФА истакна добра соработката на националните федерации на  Полска, Унгарија, Грција и Кипар кои ги ставаат на располагање некои од своите стадиони за да бидат одиграни некои мечеви од квалифиакциските рунди. Ако дојде до вакво сценарио за одигрување на мечевите треба да се изготви патнички коридор за екипите да доаѓаат и да го играат натпреварот без ограничувања.

Утрово српскиот весник „Спортски Журнал“ објави дека претставниците од Србија, Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора во квалификациите од евро-натпреаврувањата ќе играат на Кипар.

И УЕФА и националните федерации се свесни за важноста на враќање на навивачите на стадионите, но ситуацијата во Европа во моментов е различна во секоја земја и крајно ризична. Куќата на европскиот фудбал постојано го следи развојот на регулаторната рамка во различни земји и планира преглед на состојбата кон средината на август, за да се види дали сегашната одлука да се играат сите натпревари пред празни трибини може барем делумно да се измени.

Треба да знаете
Последни објави