Дуда положи заклетва за втор претседателски мандат

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска пред пратениците во Парламентот положи заклетва за втор петгодишен мандат.

Опозициските пратеници и премиерот не присуствуваа на седницата, бидејќи сметаат дека тој не го почитувал Уставот за време на неговиот прв мандат и затоа што неговите политики, како што велат, се во судир со лидерите на ЕУ.

Како што пренесуваат странските агенции, Дуда е близок соработник на владејачката десничарска коалиција, што ја сочинуваат партијата Право и правда и две помали политички партии.

По заклетвата, Дуда вети отвореност за сите групи и политички партии и ја истакна клучната улога на семејството и потребата тоа да се заштити.

Дуда освои 51,03 отсто од гласовите на претседателските избори на 12 јули, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тржасковски, освои 48,97 отсто.

Треба да знаете
Последни објави