На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно ширење на пожарот во пристаништето во Бејрут. Фотографијата е направена пред магацинот 12 во пристаништето во Бејрут, само неколку моменти пред експлозијата на амониум нитрат.
На фотографијата, чија автентичност е потврдена од „Дејли меил“, се прикажани пожарникарите пред масивната метална магацинска врата на која пишува „влез 12“ и на која има предупредување за опасни хемикалии.
Гувернерот на Бејрут рече дека екипата на пожарникарите кои биле во пристаништето исчезнала по експлозијата.Лицето коешто ги фотографило пожарникарите починало, а фотографијата е пронајдена во мобилниот телефон на жртвата. Фотографијата кружи по Твитер, каде многумина им одаваат почит на загинатите пожарникари.