Вардар ги има термините за првите десет кола од групата во ЛШ

Европската ракометна федерација во соработка со тимовите и ТВ куќите кои ги имаат правата за пренос на натпреварите од елитното клупско натпреаврување ги одредија термините за првите 10 кола од групната фаза во Лигата на шампионите. македонскиот ракомет ќе го претставува сеуште актуелниот европски првак Вардар.

Новост во оваа сезона е што натпреварите во Лигата на шампионите ќе се играат преку недела, односно во среда или четврток. За сега единствено нема потврда за дуелот со Кјелце од осмото коло кое треба да се игра на 25 или 26 ноември.

Овие се терминита за првите 10 кола од групата за Вардар во ЛШ:

1. коло 16. септември: Мешков Брест – Вардар 1961 (18:45 ч.)
2. коло 24. септември: Вардар 1961 – Елверум (20:45 ч.)
3. коло 1. октомври: ПИК Сегед – Вардар 1961 (18:45 ч.)
4. коло 15. октомври: Вардар 1961 – Фленсбург (20:45 ч.)
5. коло 22. октомври: Вардар 1961 – Порто (20:45 ч.)
6. коло 29. октомври: ПСЖ – Вардар 1961 (20:45 ч.)
7. коло 19. ноември: Вардар 1961 – Кјелце (18:45 ч.)
8. коло 25/26. ноември: Кјелце – Вардар 1961
9. коло 3. декември: Порто – Вардар 1961 (20:45 ч.)
10. коло 10. декември: Вардар 1961 – ПСЖ (20:45 ч.)

Треба да знаете
Последни објави