Во Грција бројот на инфицирани од коронавирусот секојдневно се зголемува

Бројот на новозаболени во Грција и понатаму од ден на ден се зголемува, за денеска да достигне до 153 нови случаи, регистрирани во 20 различни делови на земјата. Националната органиација за јавно здравје на Грција соопшти 153 нови случаи, од кои 11 по направените тестови на влезните точки во земјата, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 5.123 лица.

Според грчките медиуми, повеќе од половина од денешните случаи се во Атина и Солун, 40 и 38, 14 се во Лариса, осум кај вработени во бич бар на островот Миконос, седум се кај туристи кои доброволно се тесирале за време на нивниот престој во земјата, а од еден до четири случаи има во повеќе различни делови на земјата.

Треба да знаете
Последни објави