Заев: Немам никаква намера да влијаам врз работата на медиумите и новинарите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е огласи на Фејсбук по реакциите за прес конференцијата по констутативната седница на Собрнието.

-Добив реакции од различни страни од новинарската фела за изборот на зборови и начинот на комуникација со дел од новинарите во Собранието, после конститутивната седница. Ги прифаќам забелешките на ЗНМ и фелата и во размена на мислења со нив веќе укажав дека сите треба да се потрудиме за подобра комуникација во иднина и дека немам никаква намера да влијаам врз работата медиумите и новинарите. Секој пред јавноста е одговорен за своите постапки, а сите имаме обврска секојдневно и здружено да работиме на оневозможување на ширењето на лажните вести, на запирање на клеветите, навредите и нападите врз која било индивидуа, вклучително и врз медиумските работници, напиша Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158920386102932?__xts__%5B0%5D=68.ARCBc_BODxGAB-OXsFCtn9Z8D6Ylwu3cVbaCWZrEpzbYaFyeelvCFMd2eoTsWTIote3vXmHy1Roi45YdsUrdIgYmt46tXgfbK6yv0UwHNO-VuEqFjTqDcjAZL2unPkaq3Oi4fvSQ9KppJVEsudYWTD1FRthhhuCXkHbGWs9jO5IfWHMNUA0MAtQ1YQ_kCwC9mDVxPA1-E2SxO59iAOx3B2y5slTHT0Ow-KtWMrT1oZm1WgX9OOl5_gIOpm1kMAa8-weEnCfw9BmWAOwexIsQJ7keF_IRHlbzkobSVhsRD3l5RKGpH-CsStj3s5jehO_TZVlDGtQKFy6DhA&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави