Владеачката СДСМ веројатно ќе ја предложи Радмила Шекеринска за претседател на Собранието на Македонија, со што таа ќе биде првата жена во историјата на македонскиот парламент која ќе раковди со законодавниот дом, пренесуваат медиумите на албански јазик во земјава.
Според порталот „АБЦ.мк“ предлогот Шекеринска да стане прва меѓу 120 еднакви народони претставници се очекува да се обелодени откако лидерот на СДСМ и кандидат за мандатар Зоран Заев ќе обезбеди мнозинството пратеници потребни за формирање на Владата, пишува порталот.