Манчестер јунајтед плати дополнителни 9 милиони фунти на Алексис Санчез за да го убеди Чилеанецот да го раскине договорот со клубот и да се пресели во Интер без надомест за трансфер.
Сепак, „Олд Трафорд” е задоволен од овој исход, затоа што поранешниот играч на Арсенал и Барселона имаше договор со „црвените ѓаволи” за скоро уште две години, што значи дека тој ќе добиеше уште 50 милиони, без оглед на тоа дали игра за тимот на Оле Гунар Солскајер или не.
На крајот, од „Олд Трафорд” се ослободија од товарот на овој договор, според кој Алексис може да добие 560.000 фунти со сите бонуси.
Чилеанецот потпиша три години со Интер, каде ќе прибира околу 130.000 фунти неделно, тврди „Дејли мејл”.