По силната експлозија во Бејрут во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следат демонстрации против владата. Демонстрантите се собраа синоќа во близина на парламентот каде се судрија со силите за безбедност, при што полицијата во повеќе наврати употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата.
Незадоволните граѓани во главниот град се лути поради експлозијата, која настана поради небезбедно складирање на амонуиум нитратот уште од 2013 година. Многумина во Либан велат дека владиното невнимание довело до експлозијата во Бејрут.
Либанските државни медиуми пренесуваат дека неколку луѓе се повредени за време на протестот.
Демонстрантите запалиле неколку помали пожари и со камења ги гаѓале полицајците.
Се уште се трага по исчезнати луѓе, за кои се верува дека се под урнатините.
Протестите се одржуваат откако либанската амбасадорка во Јордан соопшти дека поднесува оставка, наведувајќи дека целосното невнимание на владата укажува на потребата за промена на лидерството.
Оставка претходно поднесе и пратеникот Марван Хамадех.