Германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна дека Германија не го надминала „критичниот праг”, поради бројот на нови пациенти од Ковид-19, што повторно надмина 1.000 заболени лица дневно.
– Во моментов се уште сме на ниво со кое здравствениот систем може да се справи, изјави Шпан.
Шпан истакна дека ако сега се стабилизира бројот на одредено ниво, тогаш здравствениот систем нема да има проблем.
– Здравствениот систем може да се справи со бројка од 1.000 нови заразени. Но, ако бројките и понатаму растат тогаш ќе мораме да бидеме свесни, за да не бидат потребни понатамошни мерки, изјави Шпан.
Според податоците на Институтот Роберт Кох во Германија, по три месеци бројот на новозаразени повторно надмина бројка од 1.000 лица на дневно ниво.