Музичкиот продуцент Ноел Фишер алијас Дитејл, добитник на „Греми“ и познат по својата работа со пејачката Бијонсе, беше уапсен во средата по 15 обвиненија за сексуални напади, соопшти канцеларијата на шерифот во округот Лос Анџелес.
Музичкиот продуцент беше под истрага за наводни инциденти што се случиле помеѓу 2010 и 2018 година, се вели во соопштението.
Адвокатот на Дитејл, Ирвин Марк Бледстејн, рече дека сè уште немал можност да ги разгледа обвиненијата, и додаде: „Јас сум сосема сигурен дека тој ќе се изјасни за невин и ќе ги оспори сите овие обвиненија“.
Дитејл, чие вистинско име е Ноел Кристофер Фишер, е активен во музичката индустрија од 2005 година и продуцира песни за мега ѕввездата Бијонсе, раперот Лил Вејн, Реј Џеј, Лејди Гага, Џенифер Лопез и многу други.
Тој освои Греми во 2014 година за заедничкиот проект со Бијонсе и Џеј-зи, за мега хитот Drunk In Lovе.