Светската пандемија на Ковид 19 го раздрма светот, а здравствената криза се префрли на сите полиња на општественото живеење. Илјадници компании го загубија пазарот и клиентите, се соочија со огромни загуби, а сериозен процент од нив и ја прекинаа дејноста. Адаптацијата на „новото нормално“, пренасочување на ресурсите и проширување на полето на дејствување во вакви тешки услови се неопходност за да се опстане и продолжи понатаму. Многу од нив имаат визија, но имаат и потреба од поддршка и насоки. За таа цел на 28 јули Стопанската комора на Северозападна Македонија – СКСЗМ во рамките на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, го реализираше првиот Регионален виртуелен саем во земјата на кој учествуваа над 60 компании од регионот и од Западна Европа, пишува „Иновативност.мк“.
Во продолжние интервјуто на Иновативност.мк со Дрилон Исени, извршен директор на СКСЗМ.
Глобалната пандемија предизвикана од Ковид 19, го смени начинот на кој се одвива секој социјален, економски, па дури и политички процес. Како што минува времето, економската криза ги зафати сите земји во светот, вклучително и земјите од Западен Балкан, принудувајќи ги да најдат решенија за овој проблем преку трансформација на традиционалната перспектива на водење бизнис.
Основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија – СКСЗМ дојде како резултат на голем број нерешени проблеми на бизнис заедницата и потребата за отстранување и изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија во земјата и пошироко. И токму во оваа кризна ситуација која Ковид 19 ја создаде, СКСЗМ преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, со оригинална и уникатна идеја успешно го реализираше првиот Регионален виртуелен саем во земјата во кој учествуваа над 60 компании од регионот и од Западна Европа.
Која беше целта на саемот?
Со оглед на драстичниот пад на перформансите на компаниите од регионот во овој период, оценивме дека е време да се прошириме на странските пазари,и токму оваа беше и целта на виртуелниот саем, преку кој ќе им се овозможи на компаниите кои имаат тенденции за проширување, да ги презентираат своите производи и услуги и така потенцијално да вклучат партнерство и соработка со другите компании од земјите кои учествуваа во овој настан.
Кога е во прашање трансформацијата, СКСЗМ е докажан пионер во сите свои години на постоење, и под наше водство ги убедивме бизнисите на регионот дека е идеално време, во околности кои наметнуваат да се прилагодиме на новата реалност, да се дигитализираме, почнувајќи со Регионален виртуелен саем кој се оддржа преку дигиталната платформа ZOOM. Саемот во принцип ги таргетираше секторите кои се приоритетни за проектот на УСАИД кој го водиме. Во него учествуваа компании од повеќе области од кои доминираа прехранбената индустрија, градежништво, ИКТ, креативната идустрија. Вреди да се спомне фактот дека меѓу компаниите беа и најголемите дистрибутери од прехранбената индустрија, кои се лидери и во регионот.
Освен виртуелното поврзување со странски партнери, компаниите мора да остварат и реална соработка и пласман на новите пазари. На кој начин може тоа да се реализира во сегашните услови?
Бевме позитивно изненадени од креативноста на компаниите со која ги презентираа своите производи и услуги, нивното адаптирање на дигиталните платформи, исто така и од нивната волја за интегрирање во нови пазари, регионални и пошироко. Како што СКСЗМ најде решение во време на пандемијата, со затворени патишта и граници, да ги зближи компанииите, во тој дух владите на регионот треба да превземат мерки за елиминирање на сите трговски бариери меѓу земјите, и дека го подржат ставот на СКСЗМ дека економијата треба да ги води и одредува политиките, особено во оваа фаза на пандемијата, која покажа дека меѓузависноста на земјите во регионот е клучна.
Новите околности бараат нови практики, нов ментален склоп на фирмите со цел да се прилагодат во новите предизвици. Виртуелниот саем организиран од СКСЗМ подржан од УСАИД покажа дека нашите фирми се подготвени да се прилагодат кон новите ситуации. Затоа се наметнува адаптацијата како вештина со која се преживува во новата реалност на правење бизнис. Само умните и храбрите ја совладуваат ова вештина, и само тие ќе успеат да го продолжат своето деловно патување.