Членовите го исфрлија од бендот, по борбата со ракот заврши во затвор : Низ животот на Рајко Дујмиќ

Познатиот хрватски музичар и поранешен лидер на групата „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ (65), почина како последица на тешките повреди што се здобил во сообраќајна несреќа минатата среда, 29 јули, во близина на Равна Гора.
Гимназија завршил во Загреб, а дипломирал на Педагошката академија. Беше член на многу групи, но својот најголем белег го остави како клавијатурист во групата „Нови фосили“, за што компонираше неколку песни.

Неговиот живот не беше лесен уште од детството, и како што рече самиот тој, израснал во сиромаштија и никогаш не бил расипан, без оглед на тоа што неговите родители го добиле доцна. Музиката отсекогаш била негова голема љубов, па дури и како дете, на само 13-годишна возраст, тој започна да работи и да настапува во стриптиз клуб, што за него беше поучно и огромно искуство.

„ Немав шанса да бидам расипано дете. Бевме многу скромни, сиромашни, немавме ништо, дури ни стан. Морав сам се да стекнам сам, никој никогаш не ми даде ништо. Морав да работам и да  заработувам за живот. Од 13 години, почнав да свирам професионално во стриптиз клуб. Беше одлично искуство за мало момче. И таму, и подоцна во групите во кои свирев, јас бев најмлад, па
останатите ме заштитуваа од разни животни удари, рече тој во интервју.
Тој водеше многу борби во текот на целиот живот, па дури успеа да се бори со можеби најлошиот непријател на човекот, со ракот во 1993 година. Како што рече, единствената работа што го спасила да преживее е верата во Бога.

За жал, тој немаше убава разделба со членовите на групата „Нови фосили“, и на крајот, тие дури и завршија на суд. Членовите на групата подоцна раскажаа како Рајко бил исфрлен од „Нови фосили“ во 2014 година, бидејќи не бил во можност да работи три часа на сцената. Дујмиќ тогаш ги тужеше другите членови на групата затоа што подоцна сакаа да настапат под името „Нови фосили“, а тој им
забрануваше…

Преземено од Репортер

Треба да знаете
Последни објави