Бројот на загинати лица во експлозијата на пристаништето во Бејрут се искачи на 154, соопшти либанскиот министер за здравство Хамад Хасан.
Хасан истакна дека околу 5.000 лица побарале лекување во болница.
Во моментов 120 лица се во критична состојба. Либанските власти објавија дека експлозијата е предизвикана од пожар во складиште со 2.750 тони амониум нитрат , складирани таму од 2013 година.