Непознати лица украле камион со 1,2 тони мед и килограм пчелин полен во близина на граничниот премин Фернетичи со Италија, соопшти словенечката полиција.
Кражбата ја пријавил возач, романски државјанин, кој видел дека камионот не е таму кога се вратил од кратката пауза на бензинската пумпа во Фернетичи, пренесува СТА.
Тој рече дека крадците однеле стока во вредност од 60.000 евра.