Не издржало срцето на Оџо кој неодамна го прележал и коронавирусот

Нигерискиот кошаркарски интернационлец Мајкл Оџо, кој изминатат сезона беше член на белградска Црвена звезда починал додека имал индивидуален тренинг. Оџо кој беше висок 216 сантиметри починал од срцев удар, додека имал индивидуален тренинг на стадионот на Партизан.

Оџо во последните две сезони беше дел од „црвено-белите“, а летово остана без клуб, па самостојно тренирал и очекувал понуда за нов договор. Според пишувањата на српските медиуми, Оџо бил во кошаркарската сала, кога ненадејно му се слошило. Се потпрел на ѕидот и паднал. За брзо време пристигнале лекарите и тргнале со Оџо кон болница, но на пат кон болница починал 27-годишниот кошаркар.

Кошаркарот неодамна го победил коронавирусот, а откако било потврдено дека успешно го поминал опасниот вирус добил дозвола за тренинзи.

 

 

Треба да знаете
Последни објави