Новинари се пријвуваат да ја уриваат дивоградбата кај Мавровка

Двајца новинари  на социјалните мрежи се пријавија да ја рушат дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, откако пропадна тендерот распишан од Општина Чаир, а на кој ниту една фирма не се јави да ја урне дивоградбата. Поради тоа општината вчера објави нов, кој истекува за седум дена.

Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, па новинарите почнаа  доброволно да се пријавуваат  за рушење на дивоградбата.

Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка, напиша Дарко Чекеровски.

https://www.facebook.com/darko.chekerovski/posts/10158852824413919

Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Чекеровски и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта, напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.

https://www.facebook.com/cancarevik/posts/10159061597079301

Треба да знаете
Последни објави