До крајот на оваа година се очекува на пазарот да излезе супер-евтин електромобил кој треба да биде пуштен од страна на Русите. Порано беше објавено дека сериското производство на електромобилот Zetta требало да почне во декември минатата година, пренесе „24Ауто.мк“
Сега шефот на Министерството за индустрија и трговија Денис Мантуров изјави за агенцијата ТАСС дека сериското производство ќе почне кон крајот на 2020 година. Тој истакна дека плановите на производителот се забавени поради пандемијата, но производството на овие автомобили е целосно можно во блиска иднина.