Свршеникот на Џенифер Лопез сака крај?

“Ми даде лажно ветување“ , тврди и додава: “Веќе не можам да ја поднесам оваа нејзина бизарна навика!”

Со оглед на тоа дека Џенифер Лопез сесрдно со месеци ја планирала венчавката со својот свршеник, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, а кое требаше да се одржи во Италија во септември оваа година, сите останати беа зачудени кога дознаа дека венчавката сепак е откажана. Пејачката објасни дека причина за тоа е корона вирусот, и додека тоа е целосно валидна причина за откажување на венчавката, факт е дека истите се одржуваат и понатаму, како меѓу славните така и меѓу обичните смртницу, но во различни услови и со помалку гости. Затоа многумина почнаа да се сомневаат дека нивниот однос е во криза, штом најави дека сепак нема да се омажи за Алекс. Сега некои тврдат дека корона вирусот е само изговор и дека Џенифер и Алекс всушност имаат караници. Колку и да изгледаат среќно и заљубено на фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи и со тоа имаат само пофални зборови еден за друг, нивните пријатели мислат дека односот сѐ повеќе им се нарушува како поминува времето. На Алекс наводно му пречи дека тоа што Џен постојано објавува разголени фотографии на инстаграм со тоа мисли дека гаи нездрава опседнатост со сопственото тело. Некои дури одат толку далеку што тврдат дека на нивната љубов дошло крај или во најдобар случај се размислуваат дали некогаш воопшто ќе се венчаат.

Проблематично е и тоа што Алекс е уште на почетокот од врската со Џен, кажа како сакал биолошки деца со неа, иако и двајцата имаат по две деца од поранешните бракови. Џен се сложи со тоа, но потоа го промени мислењето па така неодамна можевме да читаме дека дури размислува за тоа да ангажира сурогат мајка. Сето тоа многу го разочара Алекс, бидејќи смета дека нагло го промени своето мислење и дека му дала лажно ветување…

Преземено од Попара

Треба да знаете
Последни објави