Хрватскиот фудбалски вицешампион и учесник во квалификациите од Лигата на шампионите, Локомотива Загреб, денеска го претстави 19-годишниот вардарец, Џемал Ибиши, како големо засилување за новата сезона.
-Очекувам да ѝ помогнам на екипата и на крајот од сезоната да бидеме шампиони. Одлично е што ќе играме во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе дадам сѐ од себе во европските искушенија. Ги гледав повеќе од половина натпревари на Локомотива во минатата сезона, ми се допаѓа стилот на игра и верувам дека добро ќе се вклопам. Хрватската лига е подобра, поквалитетна и на повисоко ниво од македонската, а како таква е поблиска до европскиот фудбал. Тоа е одлична отскочна штица за кариера во Европа, што исто така е мој мотив за дојдам во Локомотива, изјави младиот напаѓач Ибиши за официјалниот сајт на хрватскиот клуб.