Бројот на новозаразени со коронавирусот во Франција денеска се зголеми за 2.288, што е нов рекорд по укинувањето на рестриктивните мерки, соопшти француското Министерство за здравство.
Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во земјата сега изнесува 197.921.
Во последното деноноќие починале уште 12 лица, што е исто така повеќе од вчера, кога имаше седум смртни случаи, а во средата девет.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Франција изнесува 30.324.