Либанските власти уапсија 16 лица во рамки на истрагата за експлозијата во магацинот, објави денеска либанската новинска агенција ННА, а правосудни извори и локални медиуми наведуваат дека меѓу притворените е и главниот директор на пристаништето. Судијата Фади Акики, владин претставник во воениот суд, изјавил дека досега се испитани повеќе од 18 пристанишни и царински службеници и лица одговорни или вмешани во работата на одржување на магацинот во кој експлодира амониум нитратот, пренесе Ројтерс.