Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го загубило животот.
До овој трагичен настан дошло за време на гаснењето пожар во Националниот парк Пенеда-Герес во Линдос. Единаесет авиони и натаму се обидуваат да ја сузбијат огнената стихија, која се шири на граничното подрачје меѓу Португалија и Шпанија.
https://twitter.com/i/status/1292067188166230016
Според најновите информации, канадерот кој се урнал, пред трагичниот настан собрал околу 5.000 литри вода и се подготвувал да ја истури на подрачјето зафатено со пожар. Познато е дека ваков маневар е многу тешко да се изведе во планински предели како овој.
Како што пренесуваат локалните медиуми, пилотот и копилотот биле во критична состојба кога спасувачките екипи пристигнале до канадерот и дека медицинскиот тим успеал да го врати во живот шпанскиот копилот, но не успеале да го спасат 65-годишниот португалски пилот.
„Л’Индепендент“ наведува дека и пилотот и копилотот преживеале, но дека се во критична состојба.
Засега нема официјални податоци за состојбата на екипажот. Во е тек е истрагата за несреќата.



