Шпанскиот прволигаш и учесник на завршниот турнир во Лигата на шампионите на УЕФА, Атлетико Мадрид потврди дека тестовите за коронавирус кои ги направиле во саботата утрото ностат лоши вести, има двајца позитивни и тие ставени во изолација.
-Вчера, сабота, 8 август, сите членови на првиот тим и оние кои се планирани за патувањето во Лисабон, беа тестирани, како што наложува и протоколот на УЕФА. Според резултатите кои ги добивме денес, двајцата се позитивни и се во изолација. Според протоколот за вакви случај, останатите играчи се преземени сите мерки, особено за оние кои биле имале блиска средба со заразените, стои во дел од соопштението од Атлетико Мадрид.
Од таму велат дека се во кординација со УЕФА и наскоро ќе го објават планот.
Атлетико мадрид во четвртфиналето од ЛШ треба да игра против Лајпциг, натреварот е закажан за во четврток во Лисабон со почеток од 21 часот.